Времето во Македонија претпладне сончево со умерена облачност, а по котлините магливо.

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до 11 степени, а дневната температура ќе се движи од 11 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура ќе достигне до 15 степени.