Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.