Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност во јужните делови. Ќе дува слаб источен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од североисточен правец.  Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Од четврток ќе има повремено зголемување на облачноста.