Временска прогноза за 20 септември 2018

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и топло. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната температура ќе се движи од 26 до 32 степена. УВ=6

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од  12 до 31 степен.

До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. Во недела ќе има извесно зголемување на облачноста со умерен северен ветер и благо опаѓање на дневната температура. Позначителна промена на временската состојба со поизразено заладување се очекува од вторник.