Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 12 до 22 степени.

УВ-индексот изнесува 6.

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува силен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а наместа и за 15 степени. Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која наместа ќе се спушти околу нулата. Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.