Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност, во западните делови од Македонија со услови за појава на краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на работната седмица времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд.