Времето претпладне ќе биде променливо облачно со поголема облачност во западните делови на Македонија.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал 1 до 7, а максималната од 8 до 14 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите најпрвин ќе почнат утре попладне, а ќе бидат пообилни во понеделник (на повеќе места над 20 л/м2). Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, информираат од УХМР.

Најладно утрово на Попова Шапка и во Лазарополе и Маврово

Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Лазарополе со -2 степена измерени во 7.30 часот, а минусна е температурата и во Маврово, еден степен под нулата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Крива Паланка е измерен 1 степен, 3 степени во Виница, Битола, Крушево, Тетово и Куманово, 4 во  Скопје, Прилеп, Берово, Охрид и Штип, 5 степени во Претор и Струмица, 6 во Демир Капија и 7 степени во  Гевгелија.

Според мерењата во 7 часот утрово, најмногу дожд во 24 часа е наврнат во Берово, 11 литри на квадратен метар, 7 во Пожаране, 5 во Охрид и Маврово, 4 литри воден талог има во Попова Шапка и Лазарополе, 3 во Тетово, Виница и Крушево, 2 во Дојран, Струмица, Ѓуриште и Претор и 1 литар на квадратен метар во Куманово, Гевгелија, Скопје – Зајчев Рид и Крива Паланка.

УХМР информира дека претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови и со слаб до умерен ветер од северен правец поизразен од изутрина и претпладне долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено до значително облачно со повремено умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ветерот ќе ослаби. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.