Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) – Претежно сончево, утрото студено со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 18 степени.

Ќе се задржи претежно сончево време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во сабота претпладне магла и ниска облачност се очекува на повеќе места. Од недела ќе биде значително потопло.