Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието.

Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во сабота ќе дува засилен северен ветер и ќе има повремени локални врнежи од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и суво, од понеделник со подолги сончеви периоди и со пониски утрински и дневни температури.

Најстудено на Попова Шапка и Маврови Анови, на североистокот провејува слаб снег

Најстудено во државава изутрина е на Попова Шапка, каде во седум часот се измерени -8 степени, по што следат  Маврови Анови со -6,  Крива Паланка, Тетово и Крушево со -4. Во Охрид, Прилеп и Дебар се измерени -3 степени, во Претор, Битола, Штип, Виница и Струмица -2, а еден степен под нулата во Берово и Скопје-Зајчев Рид.

Снежна покривка од 53 сантиметри има на Попова Шапка, од 33 сантиметри на Маврови Анови, 17 Пожаране, 14 Крушево…

Утрово на североистокот провејува слаб снег. За денеска е најавено променливо облачно време, а претежно во северните делови со повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 3 до 12 степени.

Во Скопје, исто така, претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.