Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. УВ=7
Во Скопје, претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Ќе преовладува сончево и потопло време, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во сабота.