Времето денеска во целата земја ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер.

Утринските температурите во земјава ќе се движат во интервал од 4 до 11 степени. Додека дневните температури на воздухот според управата за хидрометеоролошки работи ќе го достигнат максималниот 28 степен целзиусов.

За неделата според метеотолозите ќе се задржат високите степени, односно дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 29 степени целзиусови. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, краткотрајно засилување на ветерот, грмежи и ќе има услови за појава на град.

Со слично време ќе започне и наредната работна недела.