Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. УВ=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури во постепен пораст.