Врховниот суд на Македонија ја укина пресудата против Насер Ештрефи, кој беше осуден на казна затвор од 14 години поради убиство на матурантот Ангел Петковски од Ѓорче Петров.

Информацијата за ТВ 24 ја потврдиле од судот. Во образложението на одлуката се вели дека „пресудата е укината затоа што на повтореното судење ќе треба да се проверат динамиката и редоследот на случувањата кои што претходеле на убиството на Петковски“.

Ештрефи беше осуден од првостепениот Кривичен суд на 14-годишна казна затвор на 6 јули 2015 година, а Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите и на обвинителството и на одбраната на Ештрефи и ја потврди пресудата, со што таа стана правосилна.

Матурантот Петковски беше убиен со нож на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров на 19 мај 2014 година.