Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата поднесена од Тексас и поддржана од претседателот Доналд Трамп, со која се бара поништување на изборните резултати во четири сојузни држави.

Тужбата, која беше поднесена во Врховниот суд, имаше за цел да им забрани на Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин да му дадат електорски гласови на демократскиот противкандидат на Трамп, Џо Бајден.

Судот во краткиот непотпишан налог навел дека Тексас не покажал „правно препознатлив интерес за начинот на кој друга држава ги спроведува своите избори“.

Со тужбата, поднесена од Тексас, се оспоруваа изборните процедури во четири клучни држави – Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.

Одлуката на Врховниот суд е втора оваа недела со која ги отфрли барањата на републиканците да се вклучи во резултатот од изборите во 2020 година. Судиите ја одбија жалбата од републиканците од Пенсилванија во вторникот.

Моту еден од тројцата врховни судии директно назначени од Трамп не ја поддржал тужбата ан Текстас.

Претходно, Трамп порача дека ако Врховниот суд има храброст и мдрост, Американците ќе ја извојуваат можеби најважната победа во историјата и ќе ја врата доверната во изборниот процес.

По оваа одлука на Судот, не постои друго средство кое Трамп може да го искористи за да го спречи прогласувањето на Бајден за претседател на САД.