Репрезентациите на Аргентина и на Египет ги забележаа своите втори победи на Светскиот куп во одбојка кој се одржува во Јапонија.

Изутрина Египет го победи Иран со 3:1, додека Аргентина беше поуспешна од Тунис, исто така со 3:1.

Утрово драматичен меч одиграа Русија и Канада, победија Русите со 3:2.

До крајот на денот на распоредот се дуели:
Италија – САД
Австралија – Бразил и
Полска – Јапонија.

Во горниот дел на табелата, Египет е прв со шест бода, Русија и Аргентина имаат по пет.