Српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ по гласањето во Дубаи на Генералното собрание на Интерпол на кое Косово не доби доволен број на гласови за прием, се обртија пред јавноста на вонредна прес конференција.

Ова е успех на една мала земја, пркосна и горда, која иднината не смее да ја базира на пркос и инат, туку на рационален пристап и која мора да сака компромис и да ги разбере односите во светот, ниту да ја понижува и унижува приштинската страна, истакна Вучиќ.

Тој најави дека Србија ќе работи со земјите што гласаа за прием на Косово во Интерпол, додавајќи дека и некои од најразвиените земји првпат гласале воздржано.

Една мала победа за нас, на голема сила се намерачивме и многу големи сили сакаа да не тргнат, урнат, понижат. Успеавме да ја сочуваме земјата и образот, рече Вучиќ .

Додека српскиот министер за надворешни работи Дачиќ наведе дека одбивањето на членството на Косово во Интерпол претставува голема победа за Србија и за српскиот народ и индикација дека ништо не може да се направи без договор со Србија“.

Тој додаде дека „не може да се воздржи во изјавата“.

– Што се однесува до мене – тие доживеаја дебакл. Се обидоа на сила да влезат во УНЕСКО, се обидоа да се усвои резолуција во Советот за безбедност против српскиот народ, сега на сила и во Интерпол, спротивно на меѓународните правила, верувајќи дека е доволно големите сили да напишат барања, а да другите земји без поговор тоа го прифатат. Убаво им кажав да не се пријавуваат, сакав да ги заштитам од тој срам, истакна Дачиќ на заедничката прес конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Косово денес во Дубаи на гласањето на Генералното собрание на Интерпол не е примено во Интерпол. За прием на Косово во првиот круг од гласањето за членство  гласаа 76 земји, 56 беа против и 22 се воздржаа. Косово не помина ни во вториот круг од гласањето, а против приемот на Косово во Интерпол гласаа 51 земја, 68 беа за, а 16 воздржани.