Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска им упати „отворено писмо на граѓаните на Косово и Метохија“, во кое ги повикува косовските Срби да не реагираат на евентуални провокации и смислени дезинформации.
Во писмото Вучиќ им порачува на косовските Срби дека Србија е „подготвена да ја изврши својата обврска кон нив“ и ако биде неопходно да ги заштити нивнити животи и мир, но и апелира до нив „да не преземаат ништо што поединци меѓу Албанците или дел од меѓународната заедница, би го искористиле како изговор за преземање какво било акции“.
– Додека сум јас на нејзино чело, Србија нема да дозволи организирано насилство врз Србите и нивните светилишта, како ни нивен прогон, порачува Вучиќ.
Српскиот претседетел во писмото ги обвинува властите во Приштина дека ни „1.390 дена откако ја презедоа обврската“ за создавање на Заедницата на српски општини, „ни со прст не сакаат да мрднат“ за нејзино формирање.
На крајот од писмото, Вучиќ наведува дека ќе продолжи на „исклучително мирен начин да се залага за компромисно и сеопфатно решавање на односите“ на Косово. – Нема да запреме се додека на нашиот народ во секој поглед не му обезбедиме повеќе отколку што има денес, наведува српскиот претседател во писмото.