Околу 890.000 сириски граѓани можат да се вратат во своите домови во претстојните месеци, изјави денеска шефот на Контролниот центар на руската национална одбрана, генерал Михаил Мизинчев.

Според податоците на Канеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, се очекува враќање на околу 890.000 во Сирија во претстојните месеци, изјави Мизинчев.

Претходно денеска портпаролката на руското МНР Марија Захарова рече дека 1,7 милиони лица изразиле желба да се вратат во Сирија.