„Десет години сум на чело на партијата и ќе бидам таму до мај. Мислам дека тоа е доволно. Во мојата глава веќе имам четворица кандидати за наследник“, рекол Вучиќ, а пренесува Блиц.

„Време е за нови луѓе. Се повлекувам бидејќи не сакам ништо да загрозувам пред тоа и победата на партијата на изборите“, додаде српскиот претседател.

„Ќе се изненадите ако кажам дека имам топлина и емоции, понекогаш и јас сум човек, си велам дали можам да го направам ова или не можам да го правам ова. Ниту еден ден не сум бил на море, можеби сакав да бидам нормален, обичен човек“, изјавил Вучиќ.

„Се борев за државата, за партијата, ќе се дадам за државата“, рече Вучиќ.

На прашањето дали можеби ќе се врати на премиерската функција, Вучиќ одговори дека не е сигурен во тоа сценарио.