Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва, по средбата со специјалниот преставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, синоќа се обрати на јавноста со порака дека косовските Албанци донеле две одлуки – едната е ускратување на правото за влез со лични карти, а другата се однесува на прифаќање на РКС табличките, додавајќи дека втората одлука е донесена со единствена цел да ги протераат Србите, да се направи нова операција „Бура“, јави дописникот на МИА од Белград.
Објаснувајќи ја втората одлука, Вучиќ рече дека врз Србите на Косово ќе се врши притисок да ги прифатат РКС табличките.
– Оние што нема да го прифатат тоа, ќе им бидат одземени регистарските таблички и возилата. Ни дадоа рок за табличките до 30 септември, а планираат општ напад на северот на Косово до 1 октомври. Граѓаните на Србија тоа треба да знаат и дека ги поддржаа претставниците на Квинта, изјави Вучиќ.
Договорот за привремено регулирање на регистрацијата на возилата на северот на Косово беше утврден во Брисел, но по неговиот истек не беа утврдени нови правила, со што тој автоматски продолжи да важи.
Со објавувањето на оваа втора одлука косовските власти еднострано го раскинаа договорот.
Александар Вучиќ истакна дека суштината е во тоа што со години Србија трпи лаги и од претставниците на Квинта и од претставниците на косовските Албанци, додавајќи дека тие мислат дека се многу паметни.
Претседателот на Србија рече и дека Србите исполниле се од Бриселскиот договор, а Косово ништо не направило, додека Европа за тоа молчи.
– Правното насилство врз Србите продолжува. Нив не ги интересира меѓународното право. Нашиот народ веќе нема да го толерира тоа, рече Вучиќ, додавајќи дека нема да толерира упад на албански единици, со долги цевки, оклопни возила.
– Народот во Србија треба да го знае тоа, како и фактот дека привремените косовски власти имаат поддршка од Квинта, додека Американците се најмалку арогантни во однос на овие другите, кажа тој, оценувајќи дека летово и есента ќе биде интересни, дополни српскиот претседател.
– Веќе не постојат принципи во меѓународните односи, туку само нивниот (земјите на Квинта) долниот дел на грбот, кој е загрижен за својата нафта и економија. Ги молам да ја намалат својата ароганција и да ги почитуваат правата на оние што веќе ги убиваа. Се надевам дека нема да им падне на памет да го повторат тоа. А ние за воља на вистината немаме повеќе каде. Десет години се обидуваме да постигнеме компромис, а тие само бараат да не понижат и да го избркаат нашиот народ. Нашиот одговор ќе биде трезвен, но смртоносен и вистинит. Нема да преземаме никакви воени дејствија, но бараме од нив да не се обидуваат да одземаат имоти и да ги протераат нашите луѓе. До 30 септември имаат доволно време за размислување, порача Вучиќ.
Својот дел од обраќањето до новинарите го заврши со велејќи „Мислам дека ова е најострата конференција што сум ја одржал“ и притоа додаде дека сè им кажал во лице и затоа влегол во историјата.
– Устите им се полни со Украина. Одобруваат и климаат кога во врска со Украина се менува повелбата на ОН, но кога таа се спомене во врска со Србија, тогаш се се нешто замислени. Сите Ајнштајн до Ајнштајн, Хегел до Хегел, изјави Вучиќ.
Тој порача и дека Србија ќе реагира дипломатски, односно со барања, бидејќи нема да дозволи да се повтори „Бура“.
– Оваа конференција е мое предупредувачко барање бидејќи не знам што друго да кажам освен запрете се луѓе, изјави Вучиќ, кој, како што рече по конференцијата, се враќа на разговори со Мирослав Лајчак.