Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека средбата со францускиот претседател Емануел Макрон траела повеќе од три часа, дека е задоволен од резултатите од разговорот што го имал и дека успеал да разговара за соработката со важна земја во светот во отворен и конкретен начин и за Косово и состојбата во регионот, јави дописникот на МИА од Белград.

Запрашан да коментира дали со Макрон разговарал за иницијативата за прием на Косово во Советот на Европа и неговата реакција на забелешката на Макрон дека двете страни направиле нешто.

-Разговаравме за тоа долго време. Малкумина би го направиле она од синоќа… Тој беше фер. Имаше прашања и за ЗСО и нема да кажам повеќе бидејќи ќе ја видите француската позиција. Мислам дека успеавме да ја објасниме позицијата на Србија, рече Вучиќ.

Тој кажа дека не може да зборува за ставот на Франција за прием на Косово во Советот на Европа и потсети дека Франција го поставила прашањето за формирање на ЗСО.

Вучиќ кажа дека синоќа ставил до знаење дека за Србија не доаѓа предвид приемот на Косово во ОН.

Тој додаде дека разговарале и за Украина и за состојбите во светот и дека се уште останува на ставот дека ситуацијата ќе биде само полоша и потешка и со многу проблеми во наредните месеци. Вучиќ изрази надеж за посета на Макрон во Белград во следните неколку месеци.

Како што кажа, Макрон е некој со кој има најблиски лични односи и дека тој пружил рака кога сите сакале на Србија да и воведат санкции.

Вучиќ изјави дека очекува гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН да биде на 2 мај.

Запрашан за најтешките теми, тој одговара дека разговорите биле отворени, но пријателски.Ги разбирам проблемите со кои и тие се соочуваат. Во јуни и јули ќе разговараме за се во многу поинакви и потешки околности. Податоците на големите сили не говорат за траен мир и за решавање на проблемите, рече Вучиќ.

фото:ЕПА