Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска посочи дека ревакцинацијата е од клучно значење и изрази верување дека ќе бидат вакцинирани  и ревакцинирани  1,1 до 1,2 милиони луѓе, што е 20 отсто од возрасната популација, пред да пристигнат вакцините од програмата Ковакс.

Обраќајќи им се на медиумите, Вучиќ рече дека вакцините АстраЗенека, што денеска пристигнаа во Србија, се резултат на билатерален или трилатерален договор.

На прашањето кога ќе пристигнат вакцините од програмата Ковакс, тој рече дека околу 100.000 вакцини на АстраЗенека можно е да пристигнат во првата половина на март.