Српскиот претседател Александар Вучиќ за кризата во Украина изјави дека политиката на Србија е воена неутралност и дека тоа е трајно уверување на државата и дека Србија строго се придржува до меѓународните правни норми, јави дописникот на МИА од Белград.

-Нашата политика не е неутрална, ние сме на европски пат, но соработуваме и со Русија и Кина и нема да се откажеме од традиционалните пријателства. Мислам дека не треба да бидеме потрчко за ниту една страна,изјави Вучиќ во Монако.

Тој посочи дека и Украина и Русија секогаш го поддржувале интегритетот на Србија, како и дека Србија секогаш го поддржувала интегритетот на Украина и дека тоа не се променило и дека украинскиот амбасадор во Белград, Олександр Александрович, побарал од Србија јасно да ја осуди руската агресија.

Вучиќ порача дека Србија е мала земја и дека не сака да ја укине можноста за раскинување на пријателствата со некои, бидејќи Србија не одлучува за Украина и кажа дека „може да го повика украинскиот амбасадор да го повика својот претседател јасно да ја осудуват страшната агресија која врз Србија ја извршија сили како што се САД и Велика Британија“.

Тој додаде дека на сите денес им е полна уста со меѓународно право и дека кога ќе се спомне Косово се вели „тука тоа не важи“, и дека е дојдено до целосно уништување на меѓународното јавно право и дека на малите ќе им се одзема се што може и да моментално се на сила политиката и законот на посилниот.

-Ние како малечки треба да се криеме под камен, за сите да знаат дека нашите принципи се единствените вистински принципи, но и да ја спасиме нашата земја и нашиот народ од страдање, кажа Вучиќ.

Тој посочи дека поради украинската криза и Србија е во проблем.