Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин изјави дека Војската на Србија е подготвена да спроведе секаква наредба на врховниот командант, претседателот Александар Вучиќ, и да ги заштити животите на Србите во Косово.

– Ги осигуравме сите предуслови дали тоа ќе го сториме или не, тоа е прашање за државното раководство, изјави Вулин за РТС.

Тој напомена дека Вучиќ секојдневно води смета за тоа дали војската е во стостојба да го направи тоа што е потребно за да му се помогне на српскиот народ.

По повод прекршувањето на Договорот за стабилизација и придружување  (ССП) и Цефта договорот, што го прави Приштина, Вулин напомена ако ЕУ не е во состојба да ги почитува своите спогодби, се поставува прашањето што ќе ни е Европа.

Вулин истакна дека, од друга страна, Белград цело време ги почитува и Цефта и ССП.

– Тоа што е обврска на Србија, ќе направиме, но доста се докажувавме пред Европа, време е и таа да се докаже пред нас, рече Вулин.

Тој подвлече дека постапките на албанските политичари на Косово се непредвидливи, се однесуваат како некогашната ОВК и поради тоа го повторува прашањето до ЕУ, дали се во состојба да ги почитуваат сопствените правила?