При промената на уставното име на Република Македонија, од власта и од приврзаниците за Северна, беше нагласувано дека идентитетот Македонец и македонски се забетонирани и дека нема да се употребува (северно)Македонец и (северно)македонски ни дома ниту во странство.

Но, бетонот што го ветија попушти само по неколку месеци. Еве како Тајм соопштува за вчерашната средба на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас:

– Грчкиот и северномакедонскиот премиер со историско селфи по 30 годишниот спор за името, објави Тајм.

На тоа реагираат Македонците од Егејска Македонија:

– Некој во македонското МНР да им повтори уште еднаш (знам испрати пред неколку дена соопштение за употреба на термините…) во Time дека нема North Macedonian Prime Minister туку Macedonian Prime Minister from the Republic North Macedonia. Така е во Договорот, потсетува, како што е наведено, Македонец од Северна Грција на Фејсбук.