По повод одбележувањето на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, Владата организира положување свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, соопштија од Владата.

На настанот ќе биде присутна владина делегација составена од Филип Николоски, заменик на министерот за финансии, Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.

Големиот ден кога е создадена Внатрешната македонска револуционерна организација, организаторот на Илинденското востание, денес македонската Влада го чествува со двајца заменициминистри и еден бивш министер за култура кого јавноста го памети по фотографии на кои се сликаше гол.

Зарем толку заслужи од актуелната Влада на Димитар Ковачевски Денот кога во Солун беше формирана Оргаизацијата која беше двигател на макаедонскара револуционерна борба и дифањето на Илинденското востание?