За една недела нови 72 случаи на голема кашлица, од девет хоспитализирани неделава, 7 се деца под една година.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, Скопје и натаму на врвот на листата со најголем број случаи, за една недела дополнителни 58 лица во метрополата се заболеле со голема кашлица. Заклучно со 21 март во земјава се регистрирани вкупно 287 случаи со Пертусис, а од нив 247 се во главниот град, каде е прогласена и епидемија на голема кашлица, но најголем е и бројот на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца.

За сите болести за кои има вакцина – лекот е во навремената вакцинација, велат лекарите кои и денеска упатија апел до сите родители навреме да ги вакцинираат своите деца. Министерот за здравство, Илир Демири, по потпишувањето на декларацијата за подобрување на имунизација со лекарската комора најави и законски измени против антиваксерите. Претседателката на комората со порака – секој има право да биде здрав, вели треба да ја научиме лекцијата од ковид пандемијата. Повикаа денешната декларација да не остане само на хартија.

„За жал они викаа имамае право да избереме дали ќе бидеме вакцинирани или не, јас викам имам право да бидам здрава, да не ме зарази некој кој не сака да се вакцинира. Моето право не е помало право од правото на тие што обдираат да не добијат вакцини, сите ние имаме шраво на здравје, право на живот. “-изјави Калина Гривчева Старделова, Претседателот на Лекарска комора.

„Ниедно дете кое не е вакцинирано не може ни во граиднка да се запише, ни во прво одделение, ни нигде по државни институции не смее. Затоа што ние имаме одговороност и не смееме ние да ги загрозиме другите деца и одговорните родители кој сакаат да постапт спрема закон и како што треба здравствено да ги заштитат своите деца….“ изјави Џабир Бајрами – педијатар, директор на ЈЗУ Здравствен Дом Кичево.

По прогласувањето на епидемија на голема кашлица на територија на Скопје, здравствените власти препорачаа во градинките се примаат само деца кои изминативе шест месеци имаат примено три дози од Ди Те Пер вакцината, под услов во следните 6 да примат и ревакцина. Но согласно насоките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, оние деца кои имаат закажан термин за ревакцина по истекот на 6 месечниот период и натаму не смеаат да посетуваат градинка, мора да ја чекаат ревакцината.

В среда е закажан нов состанок на Комисијата за заразни болести. Покрај Скопје изминатава недела 7 нови случаи има пријавено и во Куманово, четири во Битола, и по 1 случај е пријавен во Дебар и Струга.