Радоста на власта за потишаниот договор со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик траеше кратко.На прес конференцијата со претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен таа неколкупати ги нарече Македонците со навредливиот термин „Северномакедонци“.

Премиерот Ковачевски на ова молчеше и не изреагира.

На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски.

За кованицата „Северномакедонци“, жалам што упорно се греши идентитетот – македонски народ и нација. Ако тоа е ненамерно, тогаш очекував барем тие што се до нејзе да и кажат дека згрешила и дека треба да ја корегираат. Сепак, жалам што ја испуштија таа прилика, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додава дека „ако е намерно употребено Северномакедонци, тогаш е страшно“.

Тогаш тезата за асимилација на македонскиот народ се потврдува од највисокото ниво во Европа. Очекувам Урсула Фон дер Лајен да се корегира и како што напиша на македонски јазик, така и правилно да го изговори македонскиот народ, одговори Мицкоски.