На 26.10.2022 на ул.„Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола ги затекнале Б.Џ. од с.Обедник, демирхисарско и С.А. од Битола како во патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки превезуваат огревно дрво без документација, соопшти МВР.

Возилото и дрвата, , како што е наведено во билтенот на МВР, биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе следува соодветна пријава.