И вчера има три пријави за искасани граѓани од кучиња во Скопје, додека здруженијата за заштита на животните протестираа пред Владата за истепаните кучиња во Струга.
На 13.01.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром, С.С.(43) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. На 13.01.2023 во 22.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.Ц.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Пекљане“ бил каснат од куче скитник. На 13.01.2023 околу 12.00 часот во Полициската станица Драчево, Г.Ц.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник.
Освен во Скопје вчера на денот на протестот имало каснати од кучиња и во други градови: На 13.01.2023 во 22:00 часот во Полициската станица Карпош, И.И.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ бил каснат од куче скитник. На 13.01.2023 во 17:30 часот во СВР Куманово, М.П.(50) од с.Табановце, кумановско, пријавил дека на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово бил каснат од куче скитник. На 13.01.2023 во 14:00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во кичево, М.И.(69) од Кичево била нападната од две кучиња скитници, при што паднала и се здобила со повреди.
Како што објавивме, по реакцијата од здруженијата за заштита на животните во Струга, градоначалникот Рамиз Мерко изјавил дека му се помили внучињата од кучињата и ако треба тој лично ќе ги тепа на улица. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека помош за решавање на проблемот со кучињата ќе бара од Брисел. Вчера, пак, владејачкиот СДСМ објави соопштение за која „го откри виновникот“ кој, според владејачката партија, е опозицијата.