Активистот и бизнисмен Роберт Милески, кој по потекло е стружанец, вечерва на својот Фејсбук профил објави дека глутница ос 20-тина кучиња нападнале 14 годишно дете.

Тој објави фотографија од која се гледа локва крв и појаснува „вака вчера изгледаше пред скалите на градскиот пазар во Струга, откако била искасана жена од глутница кучиња“, напиша Милески.

– Да не е полошо, вечерва нов напад на преку 20 кучиња врз 14-годишно дете. Се молат членовите на Анима Мунди да дојдат во Струга и да вдомат по едно улично куче, како што направив јас, наместо само да паламудат кога жртвите се кучиња, објави Милески на Фејсбук.

Претходно денеска објавивме текст во кој Анима мунди реагираат за случајот во кој со пушка биле убиени десетици кучиња во градот.