Владата по вторпат ја наградува Општина Арачиново, и овојпат исто како лани, со 500.000 евра за патна инфраструктура.
Општина Арачиново, која и лани од Владата доби половина милион евра неповратна помош, е единствената општина во Македонија која воопшто не наплаќа данок на имот.
Како што објавија повеќе медиуми, вторпат половина милион евра за Арачиново е предвидено со владиниот пакет од 70 милиони евра за македонските општини. Општините за да ги добијат парите потребно е да достават проекти до Министерството за транспорт и врски, за што конкретно ќе ги користат парите. Овие пари не можат да се вратат бидејќи се заем од Светска банка за развој на локалната самоуправа.
Право на конкурирање за овие пари имаат 80 општини, а сумата што ќе ја добие секоја општина е според бројот на население. Така за Арачиново, општина каде не се плаќа данок на имот, ќе бидат издвоени 500 илјади евра за реконструкција на патиштата.
Во декември Арачиново доби 500.000 евра помош од Владата.
Неодамна објавивме информација од истражување според кое Општина Арачиново има нула денари од данок на имот. Ова го пкажа истражувањето на невладината организацијата Центар за граѓански комуникации за наплата на данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година. Образложението од Општина Арачиново е дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение.
Опширната информација од ова истражување што ја објави Денешен може да ја погледнете ТУКА.