Македонската академија на науките и уметностите ќе има консултации со експерти со цел да се утврди дали постои можност за поголема флексибилност во однос на прашањето за преименување на оваа институција согласно одредбите од Договорот од Преспа.
Во членот 1 од Договорот се наведува дека придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име на втората страна или со нејзиното скратено име, односно „на Република Северна Македонија“ или „на Северна Македонија“.
Други употреби на придавката, вклучително и употребата на придавката во однос на приватни ентитети и актери, кои не се поврзани со државата и јавните ентитети, кои не се основани со закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за активности надвор од државата, можат да бидат во согласност со член 7.
Академик Владо Камбовски во разговор со новинарите по завршувањето на првиот дел од научната расправа „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликација врз евроатланските интеграции на Република Македонија“ нагласи оти во Договорот јасено се дефинира каде се користи придавката.
– Таа се користи за јавните институции, чиј поим е доста широко определен, кои вршат јавни функции, но и јавните институции во сферата на културата, образованието, науката. Ова останува евенентуално предмет за натамошни разговори во духот на едно бона фиде толкување на таа одредба во однос на инстиуции кои се во независната сфера на општеството како МАНУ, поради нивното брендирање во светската, научната и културната јавност. Да можат да го задржат тоа име и придавката македонски, рече Камбовски, нагласувајќи оти за ова прашање ќе се разговара со други научни академии.
Претседателот на МАНУ Таки Фити истакна дека Академијата е буџетска институција, но не комплетно. Дел од средствата се од научни проекти.
– Од самото наше формирање како академија имаме извонредно голема самостојност и во поглед на вработување и во поглед на научни објекти и заради тоа можеме да се надеваме на флексибилност да се размисли доколку ова може да се реши бона фиде. Но што и да се случи не ја намалува нашата убеденост за успешното решавање на идентитетските прашања, рече Фити.
На прашањето дали МАНУ ги фаворизира оние што се за Договорот, наспроти оние кои се против него или кои ќе го бојкотираат престојниот референдум, Фити рече дека ова е научна расправа.
– Викнавме претставници од Владата, кои требаше да покажат колку беа значајни и тешки преговорите кои се водеа, но сега претстои научната расправа. Сите академици се повикани и можат да учествуваат во дискусијата на оваа научна расправа. Има различни погледи, сфаќања, нека ги кажат и научно нека ги аргументираат. Крајно сме толерантни кон разликите. Јас лично мислам дека договорот е важен и добар. Постигнато е она што беше релеватно за МАНУ – тоа се идентитетските прашања, јазикот, нацијата, културата и тоа се економските придобивките кои РМ ќе ги има од склучувањето на договорот, појасни Фити.
На вториот дел од расправата „Толкување на спогодбата и нејзините импликации“ обрашаања имаат академици, професори, а во салата влегоа и претставници на иницијативата бојкторирам.