Компанијата „Амадеус девелопмент“ платила 1.590 милиони евра за локацијата на скопскиот плоштад. На електронско јавно наддавање кое се одржало во 2013-та година за локацијата од 1.046 квадратни метри „Амадеус девелопмент“ ја кренала цената на над 1.500 евра за еден квадратен метар. Почетната цена била 100 евра за еден метар квадратен.

Останува нејасно како за Основното јавно обвинителство е оштетен буџетот ако се земе предвид дека ова била најскапоплатената аукција за државно земјиште во Македонија, додека имало случаи кога земјиште во строгиот центар на градот Скопје било продавано и по цена од 25 евра за метар квадратен.

На оваа локација (пред ГТЦ) беше предвидено да се гради деловен објект по претходно готово идејно решение подготвено од Владата на Република Македонија во барокен стил. Планирано беше објектот да биде висок 16 метри и да има 3.780 квадратни метри.

Поради овој случај, денеска беа уапсени десетина лица, меѓу кои и Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Миле Јанакиески, екс министер.