АД ЕСМ сè уште не го доби решението од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во врска со осомничените за тежок криминал – набавка на мазут за ТЕЦ Неготино.
Сепак, следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот тим на ЕСМ веќе ги презема сите подготвителни активности, да поднесе соодветна жалба, веднаш по официјалното примање на решението, велат од компанијата.
„Ќе ги искористиме сите правни механизми кои ни стојат на располагање за заштита на интересите на компанијата“, соопшти ЕСМ.




