Кадрите на СДС и ДУИ во македонскиот правосуден систем, бирани во штабовите на Бихаќка и Мала Речица, во акција за спас на криминалците од нивните редови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ .
Ислам Абази, шеф на ОЈО ГОКК, донесе скандалозна наредба за запирање на истрагата во предметот за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра.
Кадарот на Венко Филипче и Зоран Заев, комшија на Али Ахмети од Зајас си ја одработува добиената функција и ги брани од одговорност криминалците од СДС и ДУИ за милионскиот криминал со кој, освен што се богатеа на сметка на државата, ги труеа и граѓаните.
По насока на триото Филипче, Заев и Ахмети, Абази ја запре постапката во која, меѓу другите, главни осомничени беа и членот на СДС и бегалец од правдата Васко Ковачевски, синот на пратеник од ДУИ, Асмир Јахоски и Ратко Капушевски.
Кога обвинителството на Абази вели дека не нашло докази за противправно постапување, зарем им треба поголем доказ и посилна индиција за сторен криминал од бегството од правдата на осомничениот Васко Ковачевски?
Ковачевски од Македонија побегна кон крајот на 2024 година и оттогаш е недостапен за органите на прогонот и тоа наместо да биде дополнителен мотив и индиција обвинителството да го води овој случај, за обвинителот Абази тоа стана решение да го затвори случајот.
Кога се работи за спонзорите и поддржувачите на Абази, нема истрага, нема случај, нема обвинети, нема обвинет, за нив не може да се најдат докази иако целата јавност го виде овој скандалозен случај за перење пари, криминал, загадување на животната средина и труење на граѓаните.
Потсетуваме дека Антикорупциската комисија утврди дека на фирмата РКМ и биле платени повеќе пари за помалку доставен мазут, дури 18 илјади тони помалку мазут е скапо наплатен. Парите отишле во нечии џебови, а мазутот не стигнал до институциите.
Кога вака постапува судството со 2% доверба од граѓаните, логички се поставува прашањето, дали дел од тие пари отишле кај менторите на Ислам Абази кои го поставија на челната позиција во обвинителството?
Приказните кои ги раскажуваат од обвинителството дека нема штета од овој случај и дека во рамките на енергетската криза ваквите постапки биле законски исклучок, не држат вода. Зошто ниедна енергетска криза не оправдува анекси кои менуваат услови во корист на ист добавувач и плаќање за недоставени количини мазут.
Јавноста очекува одговори, зошто Ислам Абази одлучи да ја запре оваа постапка сега кога Ковачевски е во бегство, дали некој воопшто побарал сведочењето на сите засегнати страни, врз основа на чија процена е стопирана и дали таа е правна или лукративни?
Со вакви одлуки на штитење на криминалот наместо негово гонење и сузбивање, не е ни чудно што довербата на граѓаните во правосудството е само 2%.
Со ваквите постапки и одлуки не се согласуваат ниту граѓаните ниту ВМРО-ДПМНЕ и затоа го повикуваме Абази, веднаш да поднесе оставка и да остави простор за професионалците во правосудството, кои поради таквите обвинители како него, не можат да дојдат до израз во правосудството, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.




