Кинеските власти денеска престанаа да издаваат какви било визи за јапонските граѓани, дури и за туристички патувања.
Кинескиот центар за аплицирање за визи во Јапонија испрати известување до јапонските тур-оператори за мерката на кинеските власти.
Сè уште се непознати причините за таквата одлука на Пекинг.
Претходно, Кина го замрзна издавањето на краткорочни визи за Јужнокорејците како реципрочна мерка против Ковид-19 на Сеул.
Од 30 декември, Токио ги тестира на коронавирусот сите кои пристигнуваат од Кина.