Градоначалникот Златко Марин ќе отвори заедничка бавча за одгледување на градинарски производи во Аеродром, најурбаната општина во Македонија.

Како што е најавено, на површина од околу 3.000 метри квадратни, во август ќе почне изведбата на општествена заедничка градина, во која граѓаните ќе работат на здружено градинарство.

– Ова е прва градина од ваков тип во Скопје. Големината на парцелите ќе биде околу 50 квадратни метри и за нивното користење нема да се плаќа надоместок, велат од Општината.

Градината ќе ја изведува граѓанската организација Зелената арка во паркот Февруарски поход во Ново Лисиче.

Од Општината велат дека сите заинтересирани од Скопје што имаат желба за здружено градинарство, може да ја пополнат пријавата за учество во општествената градина преку линкот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf2dYp-M0VIJZ8W3zCBrD-fbU332kUeaZRxfk6D4nStaUYZJQ/viewform

Заедничката градина се изведува како дел од проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“ со пари обезбедени од Град Скопје и со локална логистичка поддршка од Општина Аеродром.

И додека Марин отвора бавча за пиперки и тикви, парковите во Аеродром се сушат, иако имаат сопствени извори на вода од артерски бунари. Таков е случајот со паркот на булевар В.С. Бато каде што претходната локална власт изгради системи за наводнување од сопствени бунари, еве утре почнува август, а системите не се вклучени.

Парковите горат, но Марин, здравје, ако проектот му успее, ќе обезбеди пиперки, краставици и друг зарзават.