Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели оти поканата на Ахмети за лидерска средба на албанските партии во Македонија ја чувствува како притисок врз него.

– Да го гледам ова како притисок врз мене, врз СДСМ и коализијата Можеме, за премиер по предлог на ДУИ, изјави Заев за ТВ 21.

На прашање дали доколку албанските партии постигнат некаков договор, тоа би влијаело врз формирањето на новото мнозинство, Заев рече дека се уште е рано да се каже било каков одговор.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ги покани претседателите на албанските партии на средба на 13-ти август, денот на потпишувањето на Охритскиот рамковен договор.