Ако во вториот круг не победи Стево Пендаровски или ако нема цензус, ќе има превремени парламентарни избори, повтори денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
– Застанавме зад независен претседателски кандидат кој очекуваме дека ќе го устоличиме во иден претседател на Република Северна Македонија. Јас верувам во тоа и тоа е моја желба, посветеност и очекување за иднината на државата. Секако, за тоа на крајот одлучуваат граѓаните и ако тие одлучат поинаку ќе проектираме термин за предвремени парламентарни избори, изјави Заев.