Директорот Стојко Пауновски е мој личен пријател, но јас ќе барам од службите од Владата, од вицепремиерот Љупчо Николовски, тој да биде разрешен, изјави премиерот Зоран Заев откако директорот на Државниот пазарен изнпекторат Пауновски рече дека и по цена да биде разрешен, нема да ги прифати сите 35 рамковно вработени.
– Недозволиво е секој ден преку медиумите да водите полемики со потпретседателот на Владата, а сега гледам и со претседателот на Владата. Тоа е пркос кој не е дозволен. Во Владата има хиерархија, се знае како тоа треба да функциоонира, рече Заев.
Тој смета дека постои основа за разрешување на Пауновски и очекува службите да покренат постапка.
– Истото го кажувам и јас, истото го кажува и потпретседателот на Владата Артан Груби. Тие се распределени согласно одредени планови за нивна вклопливост во самите институции. Самата инститиуција на крајот вели – тоа може, тоа не може. Но, секојдневно да се препукувате со потпретседателот на Владата, а гледам, сега и со претседателот на Владата, директор што е поставемн од Владата, во време во кое што живееме, е апсолутно недозволиво, рече Заев.
Тој додава дека очекува да биде даден предлог за негово разрешување, и тоа од вицепремиерот Љупчо Николовски.
– Не може да си дозволите јавно да правите вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените, за нешто што е транспарентмно и воспоставено на одлични основи, искрени осмнови, да самите институции дадат фидбек. Нормсално, нема да се прави тоа што не може. Нормално, ако нема систематизирано место, или ако не може да се систематизира место, тоа лице не мора да биде примено. Но, ова е прашање кои што нашиот народ очекува да биде решено. Бидејќи, минуваат месеци, минуваат години, се плаќаат луѓе, а не работат ништо. Тргнато е во сериозен процес и тие луже треба да се распоредат, рече Заев.
Тој нагласи дека тоа се наши сограѓани, кои долго не работеле и земале плата, а сега се прераспределени согласно нивните квалификации.
Премиеропт соопшти податок дека од 1.349 вкупно рамковно вработени, дури 1.182 прифатеиле да бидат распоредени во институциите.