На 31 март бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева испратила писмо до еврокомесот за проширување Олиевер Вархеји, до Мачеј Поповски, директор за соседска политика и преговори за проширување и до Ангелина Ејнхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција, објави РСЕ.

Во писмото на четири страници во кое Радио Слободна Европа има увид шефицата на бугарската дипломатија детално образложува неколку случаи за кои тврди дека се дискриминација на Бугарите во Македонија и државно спонзорирана информации против официјална Софија и други земји членки на Европската унија.

Така се поделени и точките во писмото, вкупно две, првата именувана како „дискриминаторски практики и застрашувања“ и втората „државно спонзорирани дезинформации преку невладината организација ИФИМЕС“.

-Бугарската амбасада во Скопје постојано ја информира делегацијата на Европската унија за ваквите загрижувачки тенденции и за специфичните случаи поврзани со нив. Бугарија е спремна да соработува во годишниот извештај на Комисијата за РС Македонија и да даде дополнителни детални информации. Искрено се надевам дека овој несреќен развој на настаните ќе најде место во годишниот извештај на комисијата и дека ќе ја охрабрите РС Македонија итно да ги запре“, наведува Захариева.

Таа пишува и дека таквиот развој на настаните го надминува опсегот на билатерални односи меѓу и Бугарија и јаzaharieva доведува во прашање усогласеноста на земјата кандидат со Копенхашките критериуми, договорот за Стабилизација и асоцијација, Европската конвенција за човекови права и целосно, како што наведува, спремноста на Македонија за примена на основните принципи во процесот на пристапување.

Захариева детално инфомира за македонскиот претставник на Евровизија Васил Гарванлиев кој вели дека бил цел на масовна кампања на закани и говор на омраза, вклучително, тврди таа и од државните претставници откако тој објавил дека има бугарска самосвест.

Опширен текст е обајвен во РСЕ.