Продолжуваме со европеизација на С. Македонија, а кога ЕУ ќе реши да ни испорача почеток на преговори, бидејќи тоа го заслужуваме, можат да ни се јават, објави денеска премиерот Зоран Заев.
-Имаме 12 позитивни препораки од Европската комисија. Самата комисија минатиот месец ја оцени РС Македонија со највисок резултат од 63 отсто за реализација на Програмата за економски реформи. Во последниот извештај за земјите од Западен Балкан и Турција тоа нѐ прави најдобрата земја, лидер на Балканот по остварени реформи, објави Заев на Фејсбук.
Сега останува да се чека датумот од ЕУ… и да заѕвони телефонот од ЕУ.