Носевме храбри одлуки, имавме став, затворивме важни децениски прашања, изградивме мостови, ги зачуваме сите важни атрибути, па создадовме пријатели и отворивме врати за економски развој на државата, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната трибина во Крива Паланка.

– Не калкулиравме со политичкиот рејтинг, туку им служевме на народот, на татковината, а се што правевме и правиме е за младите, за децата, зашто тие се иднината за да продолжиме напред. За две и пол години отворивме 64.000 работни места, за четири години ќе отвориме 100.000, за да ги задржиме младите дома, рече Заев.

Според него, сега државата има ветар в грб, поддршка од соседите, па, како што рече, токму затоа, можеме уште повеќе и подобро.

-Го исполнивме аманетот на предците, на нашите прадедовци, кои се бореа во НОБ, создавајќи држава, кои се бореа во Балканските војни, за да имаме македонски народ и држава, за да имаме македонски јазик, рече Заев пред кривопаланчани.