Премиерот Зоран Заев вечерва во Битола откри дека е против превремени избори, а ја откри и причината – се плашел дека СДСМ „ќе го прегази Христијан Мицкоски“ и ВМРО-ДПМНЕ.

– Јас сум лично против предвремени избори, а ако му дадеме на Мицкоски, ќе го згазиме, изјави Заев во интервју за битолска ТВ Тера.

Тој додаде дека „сакаме да и дадеме шанса на економијата, шанса на државата и напредокот“.

А што се однесува до „прегазувањето на Мицкоски“, Заев веројатно не ја прочитал поуката од политичката басна за „шлеперот и жабата“ што ја раскажуваше неговиот претходник во СДСМ, Бранко Црвенковски.

Тие што се сеќаваат на минатите времиња ќе се потсетат дека и Црвенковски им се закануваше на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги прегазат како шлепер жаба.

И навистина тогаш се случи таа „политичка сообраќајка“ во која жабата го преврте шлеперот и го декласира во крнтија.