Зоран Заев денеска имал 60-минутен телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Разговорот се реализирал меѓу 14 и 15 часот по македонско време, потврдиле за МИА од Владата на РМ.
Заев и Ципрас разговарале за преостанатите прашања и разгледале неколку идеи за решенија. Договорено било во текот на утрешното претпладне да имаат уште еден разговор.