Во врска со најавата на вицепремиерот Кочо Анѓушев за повлекување од политиката, премиерот Зоран Заев, по денешната прес-конференција за Буџетот за 2020 година, на прашање за одлуката на Анѓушев истакна дека ќе разбере ако тој сака да се посвети на своите компании.

– Ангажирањето на Анѓушев е за овој мандат на владата. Тој е повикан да биде претседател на коморите, а како што знаеме тој е сопственик на компании и во разговорот со него дознав дека неговите компании бележат пад. Анѓушев е сопственик на сериозни фирми и имам разбирање ако сака да се посвети на своите компании, рече Заев.

Заев рече дека Анѓушев е одговорен политичар, но им е потребен на неговите компании, па и на владата.

-Ќе разговараме со него и ќе видиме што ќе се договориме, рече Заев.