Јас нема да робувам на 5 јули и како датум да се држам фиксно до него, изјави денеска Зоран Заев.
– Имајќи предвид дека и господинот Мицкоски и јас повеќе пати спомнувавме дека поприфатливо е изборите да се одржат во среда како неработен ден, еве отстапувам од 5 јули и согласен сум изборите да бидат на 8 јули среда, а во понеделник и вторник ќе гласаат болните и изнемоштените, граѓаните во самоизолација, граѓаните позитивни кои се во болници и дома, сите хронични болни, повозрасните луѓе, рече лидерот на СДСМ и поранашен премиер Зав денеска од Струмица, каде што присуствуваше на увидот на завршните работи на новото болничко крило од струмичката болница заедно со премирот Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче.
Пртседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Макдонија ја повика опозицијата на одговорност, рационалност и конструктивност.
-Сакам да ги информирам сите дека не станува збор за некаков инает или фиксен датум, туку станува збор за нашата држава и нашиот народ. За подобро справување со корона кризата, со здравствената и економската криза предизвикана од вирусот, која трае и ќе трае во перидот што е пред нас. Затоа ни требат избори што поскоро. Не заради пуст датум и заради пусто партиско его. Затоа, реков дека нема да робуваме на датумите. За нас е многу важно да имаме навреме избори за да си ги вратиме институциите, за институциите да му служат на народот со полн капацитет. Институциите се за сите граѓани и за тие што ја поддржуваат власта и за тие што ја подржуваат опозицијата и за тие што никого не поддржуваат. Затоа е многу важно учеството на опозицијата. Апелирам, повикувам на одговорност, на рационалност и на конструктивност. Ова не е време како порано кога на претходната власт и одговараа избори без опозиција. Не, демократијата во која живеме бара активно учество на опозицијата, истакна Заев.
Уште еднаш потенцираше дека опозицијата треба да учествува на изборите, а сепак тие да бидат во разумен рок со цел есента да се дочека со активно собрание и со политичка влада со полн легимитет.
-Ја знаеме длабочината на македонското лето која е. На 43 степени 330 илјади пензионери со маски на лицето – не е во ред да ги носиме на избори и да излегуваат на избори. Затоа е важно да бидеме рационални. На есен почнува учебна година, нов економски циклус, нов можен бран на вирусот и нова грејна сезона. Мораме да ја дочекаме есента подготвени, а за тоа се неопходни целосно функционални институции, рече Заев.
На Мицкоски и на раководството на ВМРО ДПМНЕ, како што рече, им порачува дека ја прави последната отстапка, а правел отстапки од крајот на декември до сега, за да го прифатат овој предизвик и подобриот нека ја добие честа и одговорноста на народот и да се вратат институциите и политичката влада.
– Ако се прифати осми јули ќе го замолам претседателот на Владата и министрите да се соберат доцна во текот не денот, да свика владина седница и да донесат предлог за продолжување на вонредната состојба од три дена, овој пат заради договор со опозицијата, бидејќи немаме аргументи заради економски причини да барам вонредна состојба, но тие три дена ќе дадат правно разрешување на можноста, токму на осми јули да одиме заедно на избори, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.