Д-р Кирил ЛАЗОВ, Институт за трансфузиологија

По тоталното фијаско и корона дебаклот кој Ви се случува, тргнавте во промоција на и онака малку сработеното во вашиот мандат. Господине Филипче, овој начин ли го избравте за да го прикриете неуспехот во справувањето со коронавирусот?
Не се дефокусира јавноста во вашите лични промоции. Граѓаните сакаат резултати.
Реновиран оддел на клиника , а што со другите?
Лицето на вистината има друга димензија, болна, разочарувачка.. За жал светските стандарди за кој говорите, кај нас се мизерни услови за работа, руиниран ентериер, дотраени и нефункционални санитарни јазли, амортизирана дограма и незадоволителен инвентар. Се додека личната промоција е ставена во функција на собирање политички поени, а партиските цели се издигнати над здравјето на граѓаните, ние никогаш нема да имаме здравствен систем и здравствени установи по светски стандарди.
Господине Филипче додека се сликавте и давате изјава за светските стандарди, дали мислевте на овие стандарди како на сликите? Дали сте запознати со стандардите во ЈЗУ ИТМ – СТМ ВЕЛЕС и во другите градови? Колку пати до сега сте ги посетиле?
За жал ова се тие стандарди и ова е вистинското лице…