Континуирано работиме на подобрување на економските политики за зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање нови работни места, напиша денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

-Владата на 41-вата седница ја донесе Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која како обврска е дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес. Овој стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија, напиша Заев на ФБ.

Премиерот Заев посочи дека Програмата за економски реформи содржи: макроекономски проекции, план на Буџетот за наредни три години, структурни реформи кои влијаат на економскиот раст.

-Спроведување на овие реформи се стратешка определба и приоритет за придвижување на економијата и забрзан раст. Повеќе за одлуките од седницата: vlada.mk/node/24015, напиша премиерот Заев на Фејсбук.